Шпанците открија што бара Модриќ за да остане во Реал Мадрид!

Шпански „АС“ откри дека Лука Модриќ, наводно, е подготвен да остане во Реал Мадрид, но има одредени услови кои се поврзани со платата.

Интер му нуди на Модриќ четиригодишен договор од 10 милиони евра по сезона, а тоа е една од главните причини зошто Хрватот сака да се пресели во Милано.

Во Реал има уште две години од договорот, според кој заработува шест ипол милиони евра. Никој не му гарантира на Модриќ дека ќе му биде продолжен договорот, а посебно не под услови какви што му нуди Интер.

„Ако Реал може да испрати слична понуда како таа на Интер, Модриќ сигурно ќе реши да остане во Мадрид. Овде освои четири титули во Лигата на шампиони и тој е голем идол на навивачите. Неговата љубов и почит кон тимот ќе одиграат голема улога во донесувањето на одлуката, но исто така и парите ќе имаат улога во одлуката за неговата иднина“, пишува шпански „АС“.