Шокираниот Спортинг загуби од Авеш во финалето на Купот на Португалија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Спортинг Лисабон очигледно беа целосно неподготвени за настап во финалето на Купот на Португалија против Авеш, по нападот од сопствените навивачи пред неколку дена. 

Денеска фаворитот загуби со 2-1 во натпреварот за трофејот, па откако го прокоцка второто место во првенството и пласманот во Лигата на шампиони, сега на своите навивачи им приреди уште еден негативен шок.

Да бидат работите уште полоши за Спортинг, двата гола за Авеш ги даде поранешниот фудбалер на овој клуб Александре Гедеш. Поразот само го ублажи Фреди Монтеро во 86-тата минута. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го одигра цел натпревар за Спортинг. 

Вечерва ќе има големо славје во Авеш, гратче кое има само 8.000 жители.