Шок за Реал: Мбапе се повредил!

Килијан Мбапе нема да биде во комбинација за настап за Франција во натпреварот против Азербејџан поради повреда, пренесуваат шпанските медиуми.

Според информациите на „Марка“ , Мбапе веќе го напуштил кампот на репрезентацијата и се вратил во Мадрид. Информациите се дека голгетерот има проблем со десниот зглоб и од клупските доктори на Реал ќе му бидат направени нови прегледи.

Мбапе вчера ја предводеше Франција до убедлива победа над Украина од 4-0, два од погодоците беа негово дело, додека Французите го обезбедија пласманот на Мундијалот идната година.