Шок за „кралевите“: Нисколигаш го елиминираше Реал Мадрид од Купот! (ВИДЕО)

Шпанскиот третолигаш Алкојано направи вистинска сензација вечерва во шпанскиот Куп, откако го елиминираше Реал Мадрид со 2-1, по продолженијата од двапати по 15 минути.

„Кралевите“ постигнаа гол за водство преку Милитао во 45. минута од натпреварот, по што израмнувањето се случи во самиот финиш на дуелот (1-1), а во продолжението следеше вистински шок за актуелниот шпански шампион.

Алкојано имаше фудбалер помалку, откако Лопез доби црвен картон, но во 115. минута Казанова ги шокираше „кралевите“ и ги постави конечните 2-1.