Шок за Алиоски и соиграчите: Лидс го загуби дербито против Шефилд!

Лидс денеска го одигра големото дерби против Шефилд јунајтед, директниот ривал за втората позиција во Чемпионшип-лигата и на крајот загуби со 0-1 на „Елан роуд“.

Лидс одигра добро прво полувреме, но Шефилд успешно се спротистави, па мрежите останаа да мируваат бидејќи ниту еден од ударите не заврши во рамките на голот.

Во второто полувреме следуваше целосна доминација на Лидс, но гостинската екипа ја искористи единствената шанса која ја имаше кон противничкиот гол и погодија за конечни 1-0.

Шефилд сега се наоѓа на втората позиција со 74 бодови, односно еден помалку од првопласираниот Норвич и еден повеќе од третопласираниот Лидс.