Шок во Шпанија: Претседателот на фудбалската федерација учествувал во местенките?!

Голем скандал избувна во Шпанија откако пред три недели во полициска акција беше уапсена криминална група предводена од бивш фудбалер на Реал Мадрид околу фудбалски местенки во минатата сезона во Втората лига, но и најавите дека сезонската пресметка за ЛШ во која Валенсија обезбеди место во европската елита исто така бил наместен.

И сега, целиот скандал добива уште поголеми размери зашто во целиот хаос, истражителите стигнале и до името на Луис Рубиалес, првиот човек на шпанската федерација (РФЕФ) дека учествувал во местенките, но индиректно.

Засега истрагата довела до докази за поврзаност на Уеска со Рубиалес, а токму Уеска која обезбеди второлигашки статус е посочена во целата афера како екипа околу која се вршеле местенките. Сега истрагата треба да доведе до тоа дали Рубиалес е директно поврзан со нечесните работи.

Инаку првиот човек на федерацијата ѝ ветил на Уеска дека ќе изгради нов терен, но за против услуга од првиот човек на клубот барал тој да го замоли Хосе Антонио Марин да напише книга за историјата на шпанската фудбалска федерација.

„Сојузот ѝ вети на Уеска ново игралиште уште пред четири години. Но, никакви градежни активности не се случија. Јас добив информации од претседателот, дека федерацијата нема пари“, вели новинарот Марин.

Но, блискоста на Рубиалес со Уеска сега е искра дека првиот човек на РФЕФ можеби е учесник во аферата и дека знаел за нелегалните активности, но за да се докаже нешто полицијата прво ќе мора да најде докази за да ги потврди сомнежите дека има некаква нелегална активност на првиот човек на федерацијата.