Шок во Каталонија: Коронавирусот не ја заобиколи ниту Барселона! (ФОТО)

Пандемијата на коронавирусот предизвика хаос во речиси цела Европа, при што најтешко се погодени Италија и Шпанија.

Но, Шпанците денес објавија дека веруваат дека пандемијата го достигнала врвот на 2 април и дека сега се очекуваат се помалу новозаразени. Сепак, коронавирусот успеа да ја погоди и Барселона.

Поточно, Барселона е еден од клубовите кои не беа погодени од Ковид - 19. Како што пишува „Мундо Депортиво“ позитивен на коронавирус е потпретседателот на клубот, Жорди Кардонер.

Клубот сè уште не го објави официјалното соопштение околу оваа вест, но „Мундо Депортиво“ потврди дека Кардонер е заразен со коронавирус и во моментов е во болница.