Шок на „Гудисон Парк“: Евертон остана без победа иако водеше 2-0 се до 94. минута!

Најлудиот натпревар во рамките на 24. коло во Премиер лигата се одигра на „Гудисон Парк“.

Екипата на Евертон водеше со 2-0 се до 94. минута, а потоа фудбалерите на Њукасл со два погодока ги шокираа домашните навивачи и успеаја да дојдат до бод со головите на Лејун, во рамки на 24. коло во Премиер лигата.

Фудбалерите на Бормут ја прекинаа серијата порази на својот тим, откако вечерва славеа на домашен терен против Брајтон со 3-1, во рамки на 24. коло во Премиер лигата. Со головите на Хари Вилсон, Паскал Грос (автогол) и Кајл Вилсон, екипата на Бормут најави дека грчевито ќе се бори кога е во прашање опстанокот во Премиер лигата. Единствениот погодок за гостите беше дело на Муј во 82. минута, кога практично победата беше резервирана.

Минимална, но вредна победа извојува екипата на Манчестер Сити, која и покрај тоа што речиси ги загуби шансите за шампионска титула, покажува дека второто место и тоа како им значи. Единствениот гол на овој меч го постигна Серхио Агуеро во 73. минута, а претходно, Габриел Жесус, промаши пенал.

Саутемптон ја прекина серијата без пораз на Кристал Палас откако славеше со 0-2 (0-1). На останатите натпревари, додека Астон Вила со погодок во самиот финиш го совлада Вотфорд (2-1).