Шок: Мората има неизлечива болест, која за среќа не е смртоносна!

Шпанската ѕвезда Алваро Мората, фудбалерот на италијанскиот великан Јувентус има неизлечива болест, ЦМВ или цитомегаловирус, која му е дијагностицирана откако се онесвестил после мечот со Порто во ЛШ во минатата недела.

Мората откако се онесвестил итно бил ставен на детални прегледи и било дијагностициран вирусот ЦМВ, кој во телото останува до крајот на животот, но не станува збор за опасен вирус или вирус кој е смртоносен.

Како што објавија италијанските медиуми, овој вирус е пренослив и тоа од блиски и активни контакти, а истиот е поврзан со херпесот. Како што се тврди, овој вирус може да навлезе во телото и човек нема да знае дека го има, зашто не појавува силни симптоми, освен некои слични на грип, запаление на грло или отечени жлезди.

Шпанецот моментно игра во Јувентус, како позајмен фудбалер од Атлетико Мадрид, а во кариерата играше и за Реал Мадрид и Челси.