Шевченко: Пјонтек е мојот наследник во Милан

Криштоф Пјонтек со своите настапи во Милан, но и за репрезентацијата на Полска ги освојува симпатиите на спортската јанвоста, a поради неговите импресивни настапи за „росонерите“ се огласи и легендарниот Андриј Шевченко

Шевченко во изјава за италијанските медиуми напомена дека Пјонтек го гледа како некој за кој би можел да каже дека може да го наследи во Милан.


„Тој е мојот наследник. Има неверојатен инсикт пред голот и постигнува голови во стилот на голем напаѓач. Добро шутира со двете нозе,а одличен е и со глава, многу му помага на Милан. И покрај поразот од Интер, сметам дека Милан е на вистинскиот пат за пласман во Лигата на шампионите.“, кажа Шевченко.