Шест калчолигаши му нудат размена на Палермо за – Илија Несторовски!

Иако е далеку од формата од пред една година, речиси еден месец беше во аут, македонскиот репрезентативен голгетер Илија Несторовски повторно е во фокусот за зимски трансфер од Палермо. Италијански медиуми веќе објавија дека шест калчолигаши сакаат да го ангажираат, ама да не платат пари, туку во замена на Сицилија да испратат друг голгетер.

Несторовски поради повреда на листот не игра од 14 декември, но се очекува веќе в петок да биде во тимот за мечот со Салернитана. Палермо е есенски првак со пет бода повеќе од Бреша и Пескара, а во досегашниот тек од сезоната, „бомбардерот“ даде шест гола и имаше три асистенции во 14 меча на кои настапи. Но, сега дел од медиумите повторно го поврзуваат Несторовски со трансфер во некоја од екипите од средината на табелата во Серија А, а ги има вкупно шест – Болоња, Киево, Џенова, Парма, Сасуоло и Аталанта.

Најголемиот дел од овие екипи се поврзуваа со Несторовски и во зимскиот преоден рок лани, но и во летниот преоден рок. Но и во двата случаи, ништо спектакуларно не се случи, а сите најави беа само чисти шпекулации. Несторовски остана во Палермо, чие раководство не сака да го продаде за малку пари, но сега и македонскиот напаѓач не е во форма каква што беше по доаѓањето и во 18-те месеци од потпишувањето на договорот со сицилијанците.

Според најавите Аталанта е спремда да го даде младиот Туминело, бивш младински напаѓач на Рома. Болоња наводно го нуди Матија Дестро за услугите на Несторовски, додека Киево и Џенова ги нуделе Пуциарели односно Лападула за да го донесат Македонецот. Парма за Несторовски го нуди Чераволо, а Сасуоло го нуди Марсело Трота.

Сепак тешко е за верување дека Палермо сега ќе се откаже од Несторовски, кога тимот е прв на табелата и главен фаворит за да се врати во Серија А, иако на трансфер-пазарот сè е можно.