„Шансите да бидеме пред Баерн се исти како моите против Јусеин Бoлт на стотка“

Германскиот великан Баерн Минхен сезонава ја продолжи доминацијата во Бундеслигата, па истата ја заврши со осма титула во низа, на која го додаде и трофејот во Купот, за „двојна круна“ и потврда дека е недопирлив за ривалите.

Неприкосновеноста на Баерн после лошиот старт дојде откако Ханси Флик седна на кормилото како привремен тренер, но брзо си обезбеди долгорочен статус на прв кормилар на тимот, па спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Макс Еберле на интересен начин посочи колкава е разликата на Баварците со неговиот клуб, ама и со ривалите.

Еберле го прашаа дали Менхенгладбах има шанси да титула во Бундеслигата после четвртото место сезонава.

„Колку е реално да бидеме пред Баерн? Тоа е исто како јас да го предизвикам Јусеин Болт на стотка и да верувам дека ќе го победам! Можеби на почеток ќе поведам, може тој и да се сплетка во меѓувреме, ама на крајот пак ќе заврши пред мене. Исто како Баерн пред Борусија, а и другите ривали. Шансите Баерн да е пред сите нас можеби не се 100 отсто, ама се – 90 отсто“, вели Еберле.