Шалке е „осуден“ на пропаст: Келн си замина со три бода од Гелзенкирхен (ВИДЕО)

Шалке продолжува со очајните настапи во Бундеслигата, па така денеска го запиша 12. пораз во првенството, откако загуби со 1-2 на домашен терен од Келн.

Гостите од Келн постигнаа гол за водство во 31. минута од дуелот, по што Шалке за момент се врати во игра преку Хопе, но Тилеман во 93. минута ги шокираше домаќините и ги постави конечните 2-1.

Шалке има само седум бодови по 17 одиграни меча, додека Келн има 15 бодови.