Севилја славеше против Еибар и му избега на Вилјареал (ВИДЕО)

Севилја го запиша вториот триумф по ред во шпанската Ла Лига, па на само четири кола до крајот на сезоната се наоѓа во одлична позиција да обезбеди пласман во Лигата на шампиони

Екипата од Андалузија благодарение на голот на Окампос во 56. минута од дуелот успеа да освои три бода. Гостинскиот тим создаде неколку шанси, но не успеа да го загрози голот на Севилја.

Севилја има 60 бодови на четвртата позиција на табелата во Ла Лига, додека на петто место е Вилјареал со 54 бодови.