Севилја си купи фудбалер на Барселона за 1 милион евра

Мунир ел Хадади од денеска е нов фудбалер на Севилја, откако Барселона се согласи да го продаде шест месеци пред да му истече договорот. 

Андалузискиот клуб ќе плати обештетување од само 1 милион евра за голгетерот, кој не се снајде во дресот на Барселона. Напаѓачот е „производ“ на школата „Ла Масија“, но во првиот тим на каталонците немаше преголем ефект. Претходните две сезони ги мина на позајмица во Валенсија и Алавес. 

За Барселона одигра вкупно 56 натпревари, а постигна само 12 голови во сите конкуренции.