Севилја нема доволно пари, Милан си го добива назад својот напаѓач!?

Андре Силва стигна во Милан во 2017. година како големо засилување од Порто и беше платен неверојатни 38 милиони евра, па требаше да го предводи нападот на Милан, но Португалецот имаше тежок почеток и на крајот лоша сезона, па беше испратена на позајмица.

Летово „росонерите“ го испратија Силва на позајмица во ресовите на Севилја за три милиони евра, а тие ќе може да го откупат неговиот договор наредното лето за 35 милиони евра.

Поранешниот напаѓач на Порто игра прекрасно во Ла Лига, па досега постигна девет голови за клубот и репрезентацијата.

„Калчо Меркато“ пишува дека за Милан сега постојат неколку опции. Една од нив е Севилја да ја плати клазулата од 35 милиони евра, но тие сакаат истата да ја исплатат на рати, а тоа дефинитивно нема да му се допадне на Милан.

Поради тоа, Португалецот би можел да се врати на „Сан Сиро“ и доколку продолжи во иста форма како во Севилја, тогаш би бил одлично засилување за „росонерите“.