Севилја го враќа Ракитиќ по багателна цена

Иван Ракитиќ нема да го продолжи договорот со Барселона, кој му истекува идното лето. Хрватот веќе е на излезна врата од „Камп Ноу“, а шпанските медиуми најавуваат негов кам-бек во Севилја. 

Неговиот поранешен клуб за кој играше до 2014 година е подготвен да плати 15 милиони евра обештетување за да го врати во своите редови. Впрочем и желбата на самиот фудбалер е да се врати во овој клуб, нешто што најави минатиот месец во изјава за „Марка“.

„Иднината на моето семејство? Порано или подоцна ќе се вратиме да живееме во Севилја, тоа е речиси сигурно“, рече Хрватот.

Ракитиќ (31) изминативе четири сезони во дресот на Барселона запиша 298 натпревари и притоа освои титули во Ла Лига,  четири трофеи во шпанскиот Куп и Лига на шампиони во 2015 година..