Сетиен го „избриша“ првиот фудбалер од Барселона

Новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен го направи првиот потег на трансфер пазарот и му соопштил на младиот Карлес Перез дека не е во неговите планови за сезонава. 

Перез не се вклопува во замислите на тренерот, па му било соопштено дека може да си бара нов клуб. Крилниот фудбалер наскоро ќе наполни 22 години, а сезонава забележа 13 настапи за Каталонците постигнувајќи три гола.

Рома е во пол-позиција да го доведе младинскиот репрезентативец на Шпанија како замена за повредениот Николо Заниоло. Преговорите се во тек, а според италијанските медиуми засега не е јасно дали Перез на „Олимпико“ би дошол како позајмен фудбалер или „Римската волчица“ целосно ќе го откупи неговиот договор, што му истекува во јуни 2022 година.