Сергеј тргна кон Манчестер, Лацио добива 75 милиони плус бонуси

Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ - Савиќ, наскоро ќе потпише петгодишен договор со премиерлигашот Манчестер Јунајтед, пренесува римска „Република“.

Како што се наведува, на Лацио ќе се збогати за 75 милиони евра, плус бонуси, што е далеку помалку од она кое го бараше римскиот клуб изминатите години.

Савиќ во Јунајтед ќе има годишна плата од шест милиони евра, двојно повеќе од примањата во Лацио.