Сепаратистите слават и го сеират „кралот“: Реал Мадрид ќе прифати отцепување на Каталонија! (ФОТО)

Џирона денеска е каталонска гордост, дури и поголема од Барселона, откако малиот тим од северниот дел на Каталонија успеа да го урне „кралскиот“ Реал Мадрид, актуелниот европски и шпански првак предводен од штотуку избраниот најдобар светски фудбалер Кристијано Роналдо.

Сепаратистичкиот регион, кој пред два дена прогласи независност и уште повеќе ги зголеми тензиите со Мадрид попладнево еуфорично слави, затоа што ова е прва голема победа на Каталонците против монархистите на Шпанија. За Каталонија, победата на Џирона е победа над фашизмот.

Триумфот на малиот каталонски клуб предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, а врв на се е твитот дека Реал Мадрид ќе прифати отцепување на Каталонија. Причина – за да стане шампион. Во моментов по поразот, Реал е на минус осум бода во однос на својот најлут ривал Барселона, која вчера победи во Билбао, вториот најголем сепаратистички регион на Пиринеите.

Ова беше прво гостување на Реал во Каталонија, откако пред еден месец се организираше референдумот за независност, а сепаратистичкиот регион од оваа шпанска провинција пред два дена прогласи независнот, која не ја прифаќа централната власт и со контрамерки ѝ ја укина автономијата.