Сензација: Беневенто го тресна Милан среде „Сан Сиро“! (ВИДЕО)

Фубдалерите на Беневенто славеа сензационална победа, вкупно втора во оваа сезона, а вечерва се радуваа на гости кај големиот Милан.

Фенерџијата славеше со 1-0 и тоа со гол постигнат во уште во 29- минута. Гостинот успеа да одолее на сите налети, а фаворизираниот домаќин безидејно да кружи околу противничкиот шеснаесетник.

Иако бодовно ништо не му менуваат на Беневенто овие три бода, бидејќи е закован за дното, ова ќе биде историска победа за дебитантот во Серија А, кој вечерва играше и со играч помалку поради исклуечениот Диабате во 80-та минута.

За Милан пак освен срам, овој пораз значи и дека тимот се подалеку ќе биде и од пласман во Лигата на Европа за следната сезона, бидејќи сега има само два бода повеќе од седмопласираната Аталанта, но и натпревар повеќе.