Сент Етијен лесен залак за ПСЖ: Два гола на Мбапе за убедлив триумф (ВИДЕО)

ПСЖ славеше со 4-0 на гостувањето кај Сент Етијен во рамки на 18.коло во Лига 1.

Леандро Паредес ја најави победата во 9-тата минута. Домаќините му ја олеснија задачата на фаворитот, односно Жан-Удес Аолу кој доби директен црвен картон во 25-тата минута. Пред крајот на првиот дел во мрежата на „зелените“ погоди и Килијан Мбапе. Во 62-та минута Нејмар не реализираше пенал, но за убедлива победа се погрижија Мауро Икарди и Мбапе со својот втор гол.

ПСЖ има убедлива предност на врвот на табелата во Лига 1 со 42 бода, додека Сент Етијен е 11-ти со 25 бода.