Семејството на Нејмар го уценува ПСЖ – сакаат милион евра неделно!

Бразилскиот фудбалер Нејмар на почетокот на сезоната стигна во ПСЖ од Барселона за неверојатни 222 милиони евра и така стана најскапиот играч во историјата на фудбалот, но најверојатно ќе замине од Париз по само една сезона.

Неколку месеци постојано се пишува во медиумите дека Нејмар на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ и ќе се врати во Шпанија, но не во Барселона, туку во Реал Мадрид. „Кралевите“ доколку сакаат да го реализираат овој трансфер, ќе мора да платат 400 милиони евра.

Меѓутоа, овие шпекулации им одат во прилог на семејството на Нејмар, посебно на неговиот татко, кој воедно му е менаџер на Бразилецот. Француските медиуми пишуваат дека таткото на Нејмар некое време го уценува ПСЖ и на сопствениците им кажува што треба да направат летово за да не замине феноменалниот фудбалер.

Наводно, од сопственикот на клубот бил побаран нов договор и плата од милион евра неделно. Но, не е познато дали богатите сопственици се подготвени на таков потег.

Сепак, кога станува збор за семејството на Нејмар, не треба ништо да не изненади. Јасно е дека на таткото на Нејмар парите му се на прво место, а тоа го докажа неодамна кога ја тужеше Барселона и бараше 26 милиони евра бонус за „верноста“, но ФИФА ја одби тужбата.