Селски фудбал во Каталонија: Нисколигаши се кошкаа, влегоа навивачи, па се случи – хаос (ВИДЕО)

Очигледно нисколигашките мечеви не се синоним за хаос само на Балканот, туки и низ Европа, па вистински доказ е третата лига на Каталонија и пресметката на Бон Пастор и УД Кармело, која заврши со тотален хаос на теренот.

Почна со кошкање и по некое туркање, додека не влегоа навивачи на теренот, а потоа следеше вистински циркус и полека кошкањето се претвори во улична борба со карате потези.

Шпанците не можеа да поверуваат дека е можно вакво дивјаштво, посебно во ек на пандемијава, да се појават и гледачи, па сето тоа да донесе сцени на дивјаштво и нетолеранција.