Сеирџиите во напад: Мајка му на Жоржињо е подобра од Бакајоко! (ВИДЕО)

Жоржињо летово го засили Челси, откако пристигна од Наполи, па веднаш ги воодушеви навивачите со својот прв настап во Премиерлигата.

Инаку, Жоржињо има одличен однос со мајка му, која дојде со него во Лондон, а во слободно време играат фудбал и тренираат.

Играчот на „сините“ се пофали на социјалните мрежи со видео на кое може да се забележи дека мајка му има неколку добри фудбалски потези.

Навивачите веднаш на социјалните мрежи се пошегуваа на сметка на Тиемуе Бакајоко, кој замина во Милан на позајмица.

„Па, таа жена има подобри движења и фудбалски потези од Бакајоко!“, напишаа навивачите во коментари.