Сега и официјално: Ван Дијк после година ипол е издриблан – мајсторот е Николас Пепе (ВИДЕО)

Иако бразилската ѕвезда на Манчестер сити, Габриел Жесус успеа после една година и 65 меча во низа да го издрибла првпат холандскиот ѕид во Ливерпул, Вирџил Ван Дијк на Комјунити шилд, Премиерлигата објави дека не се признава тој дриблинг зашто мечот е од „втор ранг“. Така, серијата на Ван Дијк траеше уште два меча и цели 50 дуели во најсилното островско натпреварување и падна вчера на дербито на „црвените“ со Арсенал.

Мајсторот што успеа да го издрибла Ван Дијк е најскапото засилување во историјата на „топчиите“, Николас Пепе. Претходно вакво нешто не му успеа ни на Лео Меси, Серхио Агуеро, Еден Азар, Рахим Стерлинг, Маркус Рашфорд...

Последен што успеа да го издрибла Ван Дијк беше Микел Мерино во март лани.