Се знае кој е газда во Торино: Јувентус со пресврт до победа (ВИДЕО)

Јувентус го совлада Торино со 2-1 во градското дерби од 10.коло во Серија А. Актуелниот шампион дојде до победата благодарение на пресвртот во второто полувреме. 

Торино го отвори резултатот во 9.минута преку Николас Енкулу. Гостинот се бранеше целиот натпревар, но не издржа во последните 15 минути. Вестон Мекени кој влезе од клупата погоди за 1-1 во 77-та минута, а победата на „Старата дама“ и ја донесе капитенот Леонардо Бонучи во 89-та минута.