Сè за пари: Јувентус не сака ноќни мечеви во Серија А!?

Јувентус на различни начини се обидува да се „пробие“ на големиот пазар. Откако се откажаа од традиционалните црно-бели линии на дресовите поради Американците и го променија дизајнот, сега од управата на Серија А имаат друго барање.

Италијанските медиуми пишуваат дека „Старата дама“ сака да ги игра порано натпреварите за да може да се следат и од Азија.

Поради високите температури првите три кола во Калчолигата се играат по 18 часот, додека во недела постои термин од 12.30, кој би им одговарал на навивачите во Азија, па Јувентус сака многу почесто да се користи.

Тие сакаат да ги избегнат вечерните натпревари и навивачите од Азија да може повеќе да ги следат.

„Мораме да најдеме баланс меѓу домашниот и глобалниот пазар“, соопштија од Јувентус.

Јувентус исто така предложи и некои од натпреварите во следните три години да се одиграат во Кина.