Се уште се гневни на Португалецот: Јунајтед скапо ја плати грешката на Мурињо

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, во последното трансфер лето на кормилото на клубот одбил да плати повеќе од 50 милиони фунти за Хари Мегваер.

Како што е познато, англискиот репрезентативец потпиша за тимот од „Олд Трафорд“ за сума од 80 милиони фунти од екипата на Лестер минатото лето. Сепак, „црвените ѓаволи“ биле во можност да го привлечат дефанзивецот за многу помала сума.

Во 2018 година, Мурињо сакаше да го привлече дефанзивецот во Јунајтед, а бараната сума од Лестер била 60 милиони фунти. Сепак, португалскиот стручњак сметал дека плаќањето толкав износ ќе биде понижувачки за неговиот престиж и не сакал да им даде повеќе од 50 милиони.

На крајот, неуспехот на Мурињо да привлече врвни трансферни цели се покажа како пресуден, а „Специјалниот’ беше отпуштен во декември. Тој беше заменет од актуелниот менаџер на тимот, Оле Гунар Солшер, кој успеа да го договори Мегваер.