Се слушнале Мурињо и Рамос, ќе го убедува да дојде во Рома

Серхио Рамос е мета на „пола Европа“, откако дефинитивно нема да го продолжи својот ангажман во Реал Мадрид, па покрај сите клубови и Рома кандидира да го види во своите редови.

Се разбира, причина за тоа е новиот предводник на „Волчицата“, Жозе Мурињо, кој помина три сезони како негов тренер во Реал Мадрид (2010-2013). Според италијанските медиуми, откако  пред четири дена Реал соопшти дека Рамос нема да продолжи, Мурињо побрзал да му се јави на фудбалерот.

Наводно, разговарале за тоа како се чувствува Серхио Рамос, со оглед на проблематичната сезона со повреди, но и за неговите планови за иднината. Мурињо се надевал да го привлече да игра за Рома, но јасно е дека „Волчицата“ тешко ќе се рамни, на пример, со клубовите од Манчестер со платата кои можат тие да му ја понудат. Рома нема ни да игра во Лигата на шампионите, што претставува навика за Рамос, кој во последните 16 години играше на највисоко ниво, во Реал.

Се очекува официјална понуда од Рома, но сигурно долг период на размислување и кокетирање од Рамос со сите клубови кои се заинтересирани за него. Покрај Сити и Јунајтед, силен кандидат е и Милан, кој има очигледен напредок и идната сезона ќе цели кон освојување титули.