Се скараа Дортмунд и Арсенал поради Венгер и Обамејанг

Пјер Емерик Обамејанг сака да замине од Борусија Дортмунд, тој тоа не го крие, но не се прашува само тој кога станува збор за таа тема.

Борусија од Дортмунд постави цена која, според некои наводи таа изнесува 60, а според други 70 милиони евра, а денеска по тој повод се огласи и Арсен Венгер кој истакна дека не сака ад коментира било што додека не се официјализира трансферот.

„Можеме да разговараме кога трансферот ќе се реализира“, изјави Венгер.

Се чини дека ова воопшто не им се допадна на „милионерите“ и нивните челници.

„Ова е непочитување, да се коментираат играчи на друг клуб не е во склад со почитувањето. Не постои контакт со Арсенал. Арсен би можел да ги гледа своите играчи и да ја коментира нивната игра“, пишува во соопштението на Борусија.