Се сеќавате на „суперталентот“ Дренте? Има урнебесен нов клуб – Козакен Бојс!

Се сеќавате на некогаш најголемиот холандски талент Ројстон Дренте? Беше суперталент, кој со Холандија стана европски малдински првак пред 12 години, па за 14 милиони евра од Феенорд замина во Реал Мадрид.

Но, иако мина пет години во најтрофејниот европски клуб, не остави некој ептен забележителен впечаток, одигра само 46 меча (два гола), па играше на заем во Херкулес, Евертон, се пресели во Аланија во далечниот Владикавказ (Русија), потоа се врати на Островот (Рединг и Шефилд венздеј), па мина една година во турски Кајзери, играше и за Банијас во Обединетите Арапски Емирати, а од лани беше дел на Спарта Ротердам. И сега направи трансфер во третата холандска лига – Козакен бојс.

Клубот е од Веркандам, ама има интересно име зашто го водат – руски Козаци. На ова место кога Наполеон се повлекувал во 1813 година, руските Козаци го избркале големиот француски војсководец, а еден век подоцна и формирале фудбалски клуб, кој нема забележителни резултати. Ама, сега има можност да се пофали дека ангажирале бивш фудбалер на Реал Мадрид и некогаш голем суперталент.