Се појавија новите три дресови на Барселона за следната сезона (ФОТО)

Барселона следната сезона ќе настапува со комплетно редизајниран прв дрес. Овосезонската шаховница ќе биде исфрлена од употреба и клубот од идната сезона 2020/2021 се враќа на традиционалните вертикални линии. 

Сината и црвената боја ќе бидат нешто посветли, а лините ќе бидат одделени со тенка жолта линија. Гостинскиот дрес ќе биде црн со златна боја, додека третиот дрес ќе биде розев.