Се пласираа во Премиерлига, па открија дека позајмиле пари од - семејството на Бин Ладен

Шефилд јунајтед сезонава направи големо изненадување во Чемпионшип-лигата, откако успеаа да изборат директен пласман во Премиерлигата

Од идната сезона нив ќе ги гледаме во Премиерлигата, меѓутоа англиската јавност беше шокирана, откако се појавија шпекулации дека клубот е поврзан со семејството на терористот Осама Бин Ладен.

Случајот се наоѓа на суд меѓу сопствениците на Шефилд, Кевин МекКејб и Принцот Абдула бин Мусада бин Абдул Азиз, кои се во жестока караница во последните три години.

Тие двајца се запознаа во 2013 година, а потоа МекКејб го повика да инвестира пари во Шефилд јунајтед, а тоа го направи членот на кралското семејство од Саудиска Арабија. Сепак, двете страни пред три години се скараа, а Абдул Азиз го тужи, зашто си ги сака парите назад.

Во меѓувреме Шефилд земаше разни позајмици, а интересна е таа од три милион евра, која ја земале од организацијата „Проект Делта“.

На суд беше докажано дека оваа организација е поврзана со терористичката група Ал-Каеда, односно дека е во сопственост на семејството на Осама Бин Ладен. Наводно, МекКејб земал пари, но не очекувал дека ќе се дознае во јавност.

Уште не е познато што ќе реши судот, но МекКејб најверојатно ќе биде жестоко казнет.