„Се договоривме со Батшуаи и Валенсија, ама Челси прави проблеми“

Белгиецот Мичи Батшуаи по само шест месеци ја заврши авантурата во Валенсија и доби отказ шест месеци порано од едногодишниот заем од Валенсија, поради својата неодговорност и сега е на чекор да го засили француски Монако, но...

Иако „кнезовите“ се договориле со Батшуаи и со Валенсија, сепак амин треба да даде матичниот клуб на Белгиецот – Челси. А, „сините“ повеќе сакаат да го продадат, отколку да го дадат пак на заем, па од веќе сигурен трансфер, сето тоа станува – прекомплицирано.

„Бараме напаѓач, гледаме кои се најдобрите опции. А, Батшуаи? Имаме договор со него, со Валенсија, ама не и со Челси. Тие сакаат перманенетен трансфер, а не нов заем. Знаете, во фудбалот многу работи се случуваат брзо, така да ќе видиме што ќе излезе на крајот од ова“, вели првиот човек на Монако, Вадим Василјев.

Вредноста на Белгиецот се проценува на 30 милиони евра, а тој има договор со Челси до 2021 година. Инаку, за него наводно има интерес и од Евертон, Кристал Палас и Фулам.