Саутемптон го постигна најбрзиот погодок во Премиерлигата (ВИДЕО)

Фудбалерот на Саутемптон, Шејн Лонг се запиша во историјата на Премиерлигата, откако вечерва во мечот против Вотфорд го постигна најбрзиот гол во историјата.

Вотфорд го имаше почетниот удар, но еден од дефанзивците направи голема грешка, која ја искористи Лонг и постигна гол за седум секунди, па така го урна претходниот рекорд на Ледли Кинг, кој изнесуваше 9,82 секунди.