Саудиски принц го купува Манчестер јунајтед за – ненормално многу пари!

Саудискиот принц Мохамед Бин Салман се надева дека од летово и од стартот на новата сезона ќе биде нов газда на најторфејниот англиски клуб Манчестер јунајтед, зашто веќе го почнал процесот за купување на великанот од „Олд Трафорд“ и тоа за – ненормално многу пари.

Според последните информации, Бин Салман веќе има подготвено 3,8 милијарди фунти (повеќе од четири милијарди евра) за да го купи англискиот великан, кој во моментов е сопственост на американското семејство Глејзер. Саудиското кралско семејство со престолонаследникот, кое тежи повеќе од 850 милијарди фунти, сега се надеваат дека со најновата подобрена понуда ќе ги убедат Глејзерови да им го продадат клубот, а Бин Салман потоа да потроши стотици милиони за своето ново милениче, кое би го вратил на врвот на англискиот и европскиот фудбал.

Семејството Глејзер пред 14 години го купи Јунајтед за 750 милиони фунти, па сега ќе заработи четирипати повеќе ако ја прифатат понудата, без оглед што „црвените ѓаволи“ веќе пет години не се ни близу до самиот европски крем и освоија само три трофеи во изминатиот период.

Интересот од Саудиска Арабија за купување на Јунајтед е од октомври, но засега Американците ги одбиваа првичните понуди, но според некои информации фактот дека Глејзерови ќе имаат 2,2 милијарди фунти чист профит со продажбата сериозно ги замислила за да го отстапат клубот на Бин Салман.

Сепак, најголем проблем во целиот процес е фактот дека принцот наводно го нарачал убиството на новинарот Џамал Кашоги, кој беше искасапен во амбасадата во Истанбул, па нејасна е реакцијата на целокупната јавност околу евентуелното преземање на еден од најголемите европски фудбалски брендови.

Ако се случи евентуална купопродажба, ова ќе биде рекорд во историјата на фудбалот, а практично Бин Салман ќе потроши повеќе од еден македонски национален буџет за да си купи фудбалски клуб во кој ќе инвестира најмалку уште толку за да владее во европскиот и светски фудбал.