Саудијците го враќаат Рафа Бенитез во Њукасл

Сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли е во преговори со саудиски инвестициски фонд за продажба на клубот. На чело на идните сопственици на премирилигашот ќе биде принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.

Англиските медиуми денеска излегоа со шпекулација дека Рафаел Бенитез ќе се врати на клупата на „црно-белите“ за да го води новиот проект. Тој си замина минатата година од Њукалс, бидејќи не добиваше трансфер-буџет од Мајк Ешли за да го направи тимот стандарден премиерлигаш.

Сега Шпанецот може да добие буџет од 300 милиони фунти за да го креира тимот по своја мерка и веќе има две трансфер-цели. Се работи за Рос Баркли од Челси и Џон Стоунс од Манчестер сити. 

Бенитез моментално е тренер во кинескиот Јифанг Далин со исклучително богат договор, но новиот сопственици на Њукасл се подготвени да платат колку што треба за да го откупат неговиот договор.