Сари повторно бара засилувања од Наполи: Челси ќе купи двајца одлични фудбалери!?

Тренерот на Челси, Маурицио Сари имаше одлични резултати со екипата на Наполи, но не успеа да освои трофеј, но и покрај тоа си обезбеди работа во Челси.

Сари летоска со себе го зема и Жоржињо од Наполи, а очигледно сега би можеле да стигнат уште двајца фудбалери од Неапол во Челси.

Челси веќе некое време се поврзува со Елсаид Хисај, кој игра на бековската позиција додека се споменува сега и трансфер на Дрис Мертенс.

Белгиецот не игра најдобро сезонава во Наполи, па веќе се појавија шпекулации дека може да замине од италијанскиот клуб.

Наполи со продажбата на двајца фудбалери би можел да заработи многу пари, па потоа тренерот Карло Анчелоти би можел да го ангажира Едисон Кавани, за кој покажа голем интерес.