Сари пак го извади Роналдо од игра - овој збесна! (ВИДЕО)

Маурицио Сари повторно го налути Кристијано Роналдо, откако реши да го извади од игра во 55. минута од мечот против Милан, по што Португалецот директно замина во соблекувалната на Јувентус.

Роналдо уште еднаш покажа дека не сака да биде заменет во текот на мечот, а првпат својот револт го покажа откако беше повлечен од игра против Локомотива Москва во Лигата на шампиони.