Сари останува во Челси

Лондонски Челси донесе одлука да го задржи италијански тренер Маурицио Сари. Искусниот 60- годишен стратег се поврзуваше со враќање во Италија, а едно време беше и главен фаворит за заменик на Максимилијано Алегри на клупата на Јувентус.

Освен со клупата на Јувентус, Сари се поврзуваше и со тренерското столче на римска Рома. Италијанскиот тренер најдобрите резултати во кариерата ги постигна на клупата на Наполи, а ги водеше и Емполи, Верона. Минатата сезона заврши како трет во Премиерлгата веднаш зад недопирливте Манчестер сити и Ливерпул.