Тренерот на Челси покани голема легенда да се врати на „Стемфорд Бриџ“

Маурисио Сари потврди дека го повикал Џон Тери да му се придружи во стручниот штаб во Челси. Но, не е сигурен дека овој ќе ја прифати понудата бидејќи сака да игра уште една сезона.

Легендарниот капитен на тимот од „Стемфорд Бриџ“ играше за Астон вила, а неделава се пресели во Спартак од Москва.

Сари инсистира дека враќањето на Тери во Челси на позицијата асистент е отворена можност, а само прашање е дали Тери би прифатил во овој момент.

Челси викендов игра проптив Кардиф, а сините по четири одиграни кола имаат максимални 12 бода.