Сари доби последна шанса - има еден месец за да ја спаси работата во Челси!

Челси беше посрамотен на „Итихад“ од Манчестер сити со 0-6, па му се „тресе“ тренерската позиција на предводникот на лондонскиот клуб, Маурицио Сари.

Се споменуваа многу потенцијални кандидати како негова замена, но „Гардијан“ пишува дека Сари има последна шанса, односно уште еден месец за да си ја спаси работата.

Челси има дуел со Малме во Лига Европа, каде што се фаворити, па нема да е прифатливо ништо друго, освен победа.

До крајот на февруари ги очекуваат и три важни дуели во домашните натпреварувања. Тие играат против Манчестер јунајтед во петтата рунда од ФА-купот, финале со Манчестер сити во Лига купот, како и меч од 27. коло против Тотнем.

Доколку Сари оствари позитивни резултати до крајот на месецот, тогаш управата ќе го остави на тренерската позиција до крајот на сезоната.