Сапуницата нема крај: Нејмар ги кажал своите барања, Реал Мадрид му ги исполнува желбите!?

Популарната телевизија „Ел Чирингито“, која има доверливи извори од шпански клубови, објави дека претставниците на Нејмар ги откриле барањата на Бразилецот.

Бразилецот бара петгодишен договор со плата од 35 милиони евра, а такво нешто не може да си дозволи Барселона, па поради тоа Реал Мадрид е фаворит во битката.

Наводно, ПСЖ е толерантен во преговорите со Реал, па „Чирингито“ најави дека францускиот шампион би прифатил понуда од пари плус некоја ѕвезда на „кралевите“.