Санчез се враќа во Италија – преговара со два калчо-великани?

Чилеанската ѕвезда Алексис Санчез веќе извесно е дека ќе си замине од Манчестер јунајтед после неуспешната авантура на „Олд Трафорд“, откако дојде и стана најплатениот фудбалер во Премиерлигата, а за возврат – не одигра ништо.

Санчез дојде во Јунајтед од Арсенал во размена за Хенрик Мхитарјан, а претходно на Островот се пресели по настапите во Барселона. Во Каталонија дојде од Удинезе, каде имаше извонредни настапи и после осум години се поизвесно е дека ќе се врати на Апенините. Според последните најави, Санчез веќе води преговори со два великани од Калчо-елитата.

Фернандо Феличевич, менаџерот на Чилеанецот веќе е тргнат да му најде нова дестинација на својот клиент, па веќе преговара со два гиганти – Интер и Јувентус. И двата клуба се заинтересирани да го вратат Санчез во вистински ритам и во него гледаат сериозно засилување. Дури Чилеанецот е подготвен да прифати и намалување на платата во однос на таа што ја имаше на „Олд Трафорд“, но и понатаму големи 12 милиони евра годишно.