Санчез одби неверојатна понуда од Кина за да остане во Премиерлигата

Алексис Санчез нема да замине во Кина иако има богата понуда од 400.000 фунти неделна плата од Хебеи Чајна Фортјун.

Желбата на Чилеанецот е да остане во Премиерлигата, но не во Арсенал. Неговиот договор со „топчите“ истекува во јуни 2018 година и јасно е дека нема да продолжи во дресот на Арсенал.

Најреална опција за Санчез е Манчестер сити и веројатно од идното лето ќе се пресели на „Етихад“ и ќе го засили и онака силниот тим на Пеп Гвардиола. И во Сити сигурно ќе има сериозна плата, но можеби не како оваа што му ја нудат од Кина од 400.000 фунти неделно.