Санчез од Јунајтед ќе добие повеќе пари отколку што заработува цел тим на Шефилд

Шефилд јунајтед одигра 3-3 против Манчестер јунајтед на домашен терен во 13. коло од Премиерлигата, па освои важен бод против англискиот гигант, кој сезонава се мачи со резултатите.

Интересно е тоа што Јунајтед годишно за плати дава околу 200 милиони евра, додека буџетот на Шефилд изнесува неколку пати помалку, а уште поинтересен податок е тоа што Алексис Санчез добива поголема плата од цела екипа на Шефилд.

Интер му плаќа на Санчез „само“ 5,3 милиони евра годишно за време на позајмицата, додека останатиот дел, т.е. 19,2 милиони евра му ги дава Јунајтед.

Колку за споредба, цела екипа на Шефилд вкупно заработува околу 16,5 милиони евра годишно.