Сампдорија го „исчисти“ Ковид-19 од своите редови: Нема веќе позитивни

Фудбалскиот клуб Сампдорија денеска објави дека четворицата фудбалери, кои претходно беа позитивни на коронавирус успеале да го надминат и најновите тестови покажале дека сите се здрави да се вратат на тренинг.

Нивните тестови минатата недела беа позитивни, но изминативе три дена се тестирани по два пати и повеќе нема никакви знаци на коронавирус во нивните организми. Од понеделник италијанските клубови ќе можат да организираат тимски тренинзи, што значи дека тимот од Џенова ќе ги има сите фудбалери на располагање.

Се очекува првенството да продолжи на 13 јуни, а Сампдорија пред прекинот се наоѓаше на 16-тото место.