Самир Насри потпишува за премиерлигаш од Лондон

Самир Насри е пред кам-бек во Премиерлигата, откако ќе истече неговата 18-месечна суспензија поради допинг.

Францускиот интернационалец е на медицински прегледи во тимот на Вест Хем, а официјализација на соработката се очекува да биде следните денови.

Насри нема одиграно официјален натпревар од 26 ноември минатата година, кога настапи за Анталијаспор во турската Суперлига. Заработи казна од 18 месеци, откако добил нелегална инфузија во САД во декември во 2016 година. Иако првично беше казнет со шест месеци суспензија, подоцна беше зголемена на година ипол, а официјалниот датум за почетокт на суспензијата беше одреден 1 јули 2017 година.

Насри повторно ќе се обедини со менаџерот Мануел Пелегрини со кого соработуваше во редовите на Манчестер сити. Тој од 1 декември ќе може и официјално да се приклучи на тренинзите на Вест Хем, а од јануари ќе има право за настап за премиерлигашот.