Салах има една голема желба, а тоа не е трофејот во Лигата на шампионите

Најдобриот фудбалер на англискиот великан Ливерпул, Мохамед Салах игра во неверојатна форма сезонава, откако дојде на „Енфилд роуд“, па по 11 години, Ливерпул повторно има шанса да игра финале во Лигата на шампионите.

Салах со Ливерпул ќе се соочи со Рома, бившиот клуб на Египќанецот во полуфиналето во европската елита, но желбата за највредниот клупски трофеј не е единствена кај брзоногиот фудбалер. Дури тој има и една поголема, а тоа е да го победи Хери Кејн во трката за „златната копачка“ во Премиерлигата.

„Нема да лажам, ама „златната копачка“ ми е во глава. Како што можевте да видите, во саботата, моите соиграчи постојано ми додаваа за да дадам гол(ови). Сакаат да ми помогнат и јас сум сигурен дека соиграчите на Хери исто така ќе сакаат да му помогнат и да му додаваат често, исто како што соиграчите му помагаат на Серхио Агуеро во Манчестер сити. Тое е така, секаде и секогаш, но ние сепак играме како тим“, вели Салах.

Салах води и на листата на срелци за европската „златна копачка“, каде е со еден гол предност пред Лионел Меси, но и со меч повеќе, додека во Англија има четири гола повеќе од Кејн, но и два меча повеќе од Тотнем.

„Дали сакам соиграчите повеќе да ми додаваат? Секогаш, но тие тоа и постојано го прават. Имаме уште четири меча до крајот, а тие имаат еден-два меча повеќе, па сега ќе се посветам малку повеќе на својата игра и на крај ќе видиме што ќе испадне“, додава Салах.

Ливерпул е речиси сигурен учесник во ЛШ, затоа што тешко за очекување е дека во финишот од сезоната Челси ќе успее да се пласира мешу најдобрите четири тима на Островот.